вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Мицкоски: Најсреќен би бил Заев да си заминам од кормилото на партијата, но јас не се откажувам

Мицкоски: Најсреќен би бил Заев да си заминам од кормилото на партијата, но јас не се откажувам

Реков дека чувствувам одговорност и тука немам идлема, се водам секогаш од принципите. Но добив недвосмислена поддршка од сите во партијата. И би било кукавички сега да се држам до мојот принцип и да избегам и да ја оставам целата работа, бидејќи во тој случај најсреќен би бил политичкиот противник и една мала група која се обидува да направи повторно преврат и да ја користи партијата во некои свои математики, трговии и пазарења и затоа тоа е завршена работа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.

Мицкоски посочи дека е и самокритичен, но и ото во оваа кампања поминал многу места се сретнал со многу луѓе.

-Лично чувтсвувам одговорност бидејќи дел наши членови беа исклучиво критилни кон власта, не беа задоволни од ова што се случуваше, што го правеше власта. И тука тие не успеавме да ги убедиме дека сме поразлични и дека имаме капацитет да ги смениме работите. Тие велеа не излегувам да гласам сите се исти, а ние не ги убедивме дека сме поинакви, но од друга страна како никогаш досега беа направени многу средби, посети, рече Мицкоски.

Коронавирус