По вечерашниот терористички напад во Виена, Австрија со осуда за истиот се огласи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека дава поддршка на Австрија во овие тешки мигови и поддршка во справувањето со оваа заедничка глобална закана.
Во продолжение Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Мицкоски:
Најостро го осудувам терористичкиот напад во Виена во кој има и жртви и повредени.
Моите молитви се со семејствата чии членови настрадаа во грозоморниот чин. Со оглед на тоа што и македонски државјани работат и престојуваат во Виена апелирам до македонската влада и МНР да понуди помош и контакти во случај на неопходност за поддршка и комуникација со земјава.
Поддршка на Австрија во овие тешки мигови и поддршка во справувањето со оваа заедничка глобална закана.