сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Вести

Мицкоски: Најголема контрадикторност е главата на криминален октопод како Заев да зборува за владеење на правото

Мицкоски: Најголема контрадикторност е главата на криминален октопод како Заев да зборува за владеење на правото

Во интервју за порталот expres.mk претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговараше на серија прашања. Тој на прашањето во врска со изјавата на Заев за МИА дека е контрадикторно Мицкоски да зборува за владеењето на правото, а при тоа одбил да учествува на лидерска средба одговори:

-За мене најголема контрадикторност е главата на криминален октопод како Заев да зборува за владеење на правото, а во позадина да имаме случаи на сомнеж за милионски изнуди, политички хајки, разговори за поткуп на Вартоломеј, и да се спроведува поткуп по принципот на Мирчо Свињарникот, евро за Заев евро за Вицието. И сега ваков човек има најмалку кредибилитет да говори за правда, кога најголема егзекутор на правдата е токму тој.
Токму затоа немаме датум за преговори, затоа што ваков човек не е способен ниту да спроведе фер попис, ниту пак да обезбеди квалитетни реформи на обвинителството. Зарем може некој да очекува дека оваа власт има кредибилитет да спроведе реформи. Зоран Заев е најголема закана за европската перспектива на земјата и навистина не ја гледам потребата да бидам дел од неговиот декор на лидерски средби во услови кога тој не е пдоготвен да збори за предвремени парламентарни избори, и кога веќе имаме работни групи за попис и за реформи во обвинителството кои и така одржуваат контакти и средби. Останува фактот дека поради неговата тесноградост не беше визионер и не ја прифати подадената рака од опзоицијата за помош за датумот за преговори.