среда, 23. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Мицкоски најави голем протест: Во среда во 18 часот

Мицкоски најави голем протест: Во среда во 18 часот

Оваа влада има историско најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт. Имаме сиромашен народ, а скапа струја.

Ова, меѓу другото, денес го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој најави дека незадоволството од оваа Влада народот ќе го покаже на масовни протести.

Според него, народот го чекаат уште потешки денови, а грижата за тоа е заедничка.

-Затоа во среда на 9-ти септември во 18 часот ќе организира протест. Ова е прв во серијата која ќе ги организираме. Ќе почне од Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика која е маша на власта. Од неа ќе бараме да се врати цената на струја на старо, најави Мицкоски.

Коронавирус