сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 18
home Вести

Мицкоски најави голем новитет за партијата: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на вистинските патеки

Мицкоски најави голем новитет за партијата: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на вистинските патеки

Опозициски блок најдобро ќе ги штити државните интереси, ќе се бори за економски прогрес и ќе ја победи мафијата. Сега повеќе нема никакви изговори, ова е моментот за обединување и подавање на рака. А, сите тие кои што ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или се спротивставуваат на обединувањето со сите оние кои што тоа го посакуваат и за тоа за нив можам да кажам дека се слуги во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат кои се тие. А, опозицискиот блок, обединетата опозиција ќе ја собори власта. Овде се работи за нашата иднина и за иднината на сите нас. Се работи за иднината на нашата Македонија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вчерашно обраќање од Битола.

-А, што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се проектира наредниот период, и каква сила ќе бидеме ќе видите многу скоро, почекајте – 16-ти јуни е датумот. 16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија од Охрид ќе го соопштиме нашиот новитет. На посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е на вистинските патеки, а запаметете 16-ти јуни е она што сите го очекуваат. Бидете трпеливи. Јасно е, мирисот на промените се чувствува тука, од нашата Битола. А, гласот на овие локални избори за секој еден градоначалник на СДСМ е глас за Зоран Заев. Гласот за градоначалник на СДСМ е глас за бизнисите на Вице, Трајче, и Зоки, глас за плантажите марихуана, за рекет. Глас за Заев е глас за урнисана економија, украдена иднина, држава која што се распаѓа, загадена Битола, уништен Пелистер, за бркање работници од РЕК. Гласот на овие избори не е за кандидатите на градоначалници на СДСМ, тоа е глас да продолжи Зоран Заев да пустоши низ Македонија. Гласот на овие избори за кандидатите за градоначалници на СДСМ е глас за Зоран Заев да ја стави Македонија уште подолу на листата за корумпирани, криминализирани држави. Гласот на овие избори на градоначалници на СДСМ не е глас за нив, туку е глас да продолжи Македонија да се посрамотува, да се понижува, срами и опсутошува, истакна Мицкоски.

Бидејќи од власта велат дека „најдоброто за нашата општина“ било СДСМ, Мицкоски им одговори дека најдоброто за нашата општина е да си одат СДСМ.

-Да си одат од сите општини. Најдоброто за Битола е наместо за табла шах, лампиони и крив дрвен мост, битолчани да се радуваат за вистински проекти и развој. И сосема на крај, ме прашуваат во колку општини ќе победите на овие избори. Ќе победиме во онолку општини колку што е потребно следниот ден заедно со народот да отсвириме крај на оваа неславна ера на СДСМ и Зоран Заев. А, ќе победиме за Македонија. Ќе победиме со срце и со жар, со љубов и посветеност каква што ќе покажат модерните херои, македонските фудбалски репрезентативци, кои се нашата радост и гордост. Да ги поздравиме и да навиваме овие денови за нив. Ќе победиме за Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дознава КУРИР, Мицкоски ќе промовира новитети, низа на концепциски промени во пресрет на роденденот на партијата

Коронавирус