четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 117
home Вести

Мицкоски: Надежта за иднината ќе ја продаваат со цел да ја манипулираат и плачкосуваат сегашноста

Мицкоски: Надежта за иднината ќе ја продаваат со цел да ја манипулираат и плачкосуваат сегашноста

Она што тие сакаат сега да го напраават е да искреираат една лажна надеж, поставена на погрешни основи. Тие сакаат да верувате дека сега нешто треба да “подголтнеме”, за да утре одиме напред, за да се реализира сето она што како природен порив толку многу и недостасува на нашата земја, за да во економијата ни тргне, за да здравството се подобри, реформира образованието, земјоделието потпомогне. Тоа е исто како некој да ви даде пари за да градите куќа, но ако ги згрешите мајсторите залудно е, труло е. Парите ќе ги потрошите, дом ќе немате, рече денеска во својот говор на протестниот марш во Кичево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Петнаесет месеци покажаа дека оваа влада ќе се запамети како убедливо најлошата. И кога така декларативно, гласно се удираат во гради, велат ЗА Европска Македонија, знаете дека со овие луѓе и нивниот капацитет всушност ви презентираат уште една голема лага во низата, како онаа за 500 евра плата, за поврат на ДДВ, за 500 км автопатишта, за зголемени пензии. Надежта за иднината ќе ја продаваат со една цел. за да ја манипулираат и плачкосуваат сегашноста. Докажано е дека со овие луѓе нема иднина, нема европска иднина, тоа го покажува и периодот изминат. Не може да велите дека сте за ЕУ, а државата да ви е прогласена за најкриминална во Европа и тоа да е констатарано од Советот на Европа, рече Мицкоски.

Тој порача дека не може Заев да се прикажува како европеец, кога е фатен на дело како бара поткуп, а претходно е аболиран за случај тежок 8.5 милиони евра. Не е тоа евроопеец и европски политичар, тоа е обичен криминалец, порача Мицкоски.

-Не може да велите дека сте за ЕУ кога ги гушите основните слободи и права. Ако се побуните против сечата на дрва  ќе ви пратат багери да ве газат, како оние на Водно, ако политички опонирате со аргументи одма се монтира случај и ве викаат на распрашување, ако си ја сакате државата, веднаш ќе ве опфатат со случајот за 27ми, па може и терорист ќе ве направат. Во ЕУ нема друг случај каде пратеници, уметници и обични луѓе се во затворите и одговараат за тероризам кој не се случил, нема друга опозиција која не е толку жестоко под притисок со загрозени права и слободи. Нема случај на така брутална политичка сегрегација и поделба, брутална поделба на граѓанското ткиво. Во Европската Унија нема афери, тендери од по 35 милиони евра кои ќе се доделуваат на фирми штотуку регистрирани, ниту пак тендери кои како ланец се префрлаат од ќерката директор, на таткото бизнисмен, или пак криминални иновации кои се параван за делење на државни пари на приватни фирми на луѓето од власта. Го нема тоа во ЕУ, не се тоа европски вредности, вие сте криминалци и сакате криминалот да го покриете со ЕУ и НАТО, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека на ЕУ и е доста од презадолжени држави. За првпат во историјата на Република Македонија со СДСМ јавниот долг надмина 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина 4 милијарди.

-Во ЕУ можете да влезете и без капитулантски договор, но не можете да влезете со училишта без кров, болници без кревети, ниту пак со корумпирани институции. Во Европската Унија немате земјоделци кои се измамени. 20 илјади тони сливи остануваат без пласман, лозарите имаат проблеми….власта не ги гледа нивните маки. Затоа со овие луѓе на власт Европската Унија е далечна идеја, не затоа што нашите пријатели од Европа не не сакаат, туку затоа што власта не знае како, рече Мицкоски.

 

 

 

Почитувани пријатели,

 

Коронавирус