среда, 4. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Над 1000 проекти за граѓаните, Македонија мора да ја исправиме и обновиме

Мицкоски: Над 1000 проекти за граѓаните, Македонија мора да ја исправиме и обновиме

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти и дека сме различни од нив. Проектот Обнова на Македонија опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од најдобрите експерти од земјава и странство, базирана на директните потреби на граѓаните и ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ги исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на промоцијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: Проект Обнова – се обврзуваме.

-Обновата е нешто кое го бара народот и чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа значи да имате повеќе за да ви биде подобро. Подразбиранова надеж, шанса за сите, подразбира да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е токму обновата. Знам дека многумина од народот се длабоко разочарани и имаат причина за тоа, но тоа нема да ги промени работите, ама вашиот став и вашиот глас можат тоа да го сторат. Измамите се веќе познати, веќе видени и  народот нема да дозволи докажани лекции да се повторат и да троши енергија за нешто што е докажано дека не вреди. Секој еден човек не треба да се плаши да го промени мислењето и да поддржи нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго, рече Мицкоски.

Тој порача дека обновата е и обнова на духот, победа над просечноста и статус кво на политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите.

-Но  и обнова на идеалите, човекот верува и сонува, и тоа мора да го вратиме и да го одржиме пламенот за Македонија. Европска Македонија е возможна, и ќе се избориме заедно за неа. Не ова што го имаме денес, а тоа е обесправена, Македонија изгубена меѓу патот на криминалот и корупцијата, во чекалницата на ЕУ далеку од можноста за пристоен живот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и целиот интелектуален и експертски тим седи зад еден голем проект.

-Проектот се вика Обнова. Обнова со повеќе од 1000 проекти за секого. Главниот фокус на Проектот обнова на Македонија се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази, рече Мицкоски.

Порача дека нам не ни се потребни мали придвижувања, туку големи чекори напред и големи победи.

-Затоа се обврзувам на раст на БДП од минимум 4 % секоја година, невработеност под 10 осто, повисоки плати за 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на реиндустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. И верувам и знам дека Македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот. Обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, креваат глава гордо и високо, и се исправаат. За младите кои ќе се вработат мора да има пониски даноци, тие да студираат на барем еден македонски универзитет кој ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа. Студентскиот стандард ќе биде сериозно зголемен, и ќе бидат обезбедени серијал на мерки кои значат повеќе можности за секој еден од нив. Мора да си ги вратиме децата во нашата земја. Да ги наполниме испразнетите градови и села.  За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието. За просветните работници во основното и средно образование личен доход од 36.000 денари месечно, За вработените во високото образование до 100.000 денари месечни примања. Ќе обезбедиме целосно реновирање и реконструкција на студентските домови, ќе одвоиме 4 милиони евра за претприемачка иницијатива на млади и одвојување на 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за земјоделците ќе бидат обезбедени повеќе пари, субвенции во износ од минимум 640 милиони евра во еден мандат и сигурен откуп.

-Нов концепт во земјоделието, едноставни и брзи процедури. 80 милиони евра за нови водовдни мрежи за еден мандат, кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, повеќе од 50 посто покривање на трошоците за механизација, добиток и насади, рече Мицкоски.

„Битола е град на културата, на револуцијата и на македонскиот копнеж. Ќе го вратиме сјајот во Битола. Ќе овозможиме обнова преку подобри услови за живот, ново автопатско поврзување на Битола со Скопје преку Прилеп и Велес. Преку изградба на автопатот кој е планиран во проектот Обнова на Македонија, од Скопје преку Велес, Прилеп до Битола и границата со нашиот јужен сосед. Гасификација на Битола, но вистинска гасификација, не онаа која е ветувана со години, а никогаш не е испорачана.  Бесплатен приклучок за секое семејство, пола од трошоците за енергетска фасада и прозорци покриени од државата. Ревитализацијата и модернизацијата на ТЕЦ Битола, за почист воздух во Битола, модернизација на фудбалскиот стадион во Битола, осовременуѕвање на културните установи во Битола и многу други проекти и содржини. Културата и поддршката на туризмот и младите ќе биде нашиот фокус, но што би зборел за култура повеќе од еден Игор Дурловски кој највеќе знае и умее за оваа област кој е носител во изборната единица 5“.

-Народот на Македонија дава постојано за оваа земја цели 30 години. Сега е време Македонија да ви врати. Вие никогаш до сега не ја разочаравте Македонија, а сега Македонија не смее да ве разочара вас. За да ги менуваме работите мора да имаме сон. Јас тој сон со сета моја сила ќе се трудам да го остварам. Имаме стратегија, план и конкретни чекори. Имаме срце и знаење за големи чекори. Македонија ќе се исправи и мојата генерација мора да успее. Вистински ќе помогнеме да се смени она што со децении ве мачи. Сега е време на одлуки. Време е да ја видиме Македонија каква ја сакаме и заслужуваме. Судбината е во рацете на народот. Македонија во која ќе има нула толеранција спрема корупцијата и криминалот, држава во која сите ќе бидат еднакви пред законот и ќе нема едни кои се пред другите, рече тој.

Порача дека успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици.

Им порача на граѓаните: „Можете да ја прифатите тешката реалност, но и можете да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е обнова. Обновата доаѓа и обновата ќе победи“.

Коронавирус