сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 12
home Вести

Мицкоски на средби со Мекалистер, Рангел и Шидер: Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ

Мицкоски на средби со Мекалистер, Рангел и Шидер: Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија оствари средба со Дејвид Мекалистер, Претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент, но и со Пауло Рангел потпретседател на Европската народна партија и европратеник од Португалија, како и неформална средба со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија со Македонија.

Претседателот Мицкоски на средбите истакнал дека не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ.

Државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Свесни сме дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на оваа власт создаваат лош впечаток за земјата кај нашите европски партнери, но токму капацитетот на Македонија и потенцијалот кој го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди. Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи и затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме, истакнал на средбите Мицкоски кој додаде дека лошата власт во државата не треба да биде непромислива пречка на патот кон ЕУ.

Коронавирус