недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски на средба со Жбогар: Се нарушува демократскиот амбиент за фер избори

Мицкоски на средба со Жбогар: Се нарушува демократскиот амбиент за фер избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, остварија средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Мицкоски со Жбогар говореше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформите кои се поврзани со обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Беше искажана загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано служи за политички прогон на неистомислениците на власта.

Мицкоски го запозна г. Жбогар со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог Законот за јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата во патот кон ЕУ.

Беше укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта. Воедно беа нотирани и однесувања на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните.

Коронавирус