недела, 28. мај 2023. Вести денес: 88
home Вести

Мицкоски на средба со Саразин: Власта врши политички притисоци врз граѓаните

Мицкоски го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци кои се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество.
Мицкоски на средба со Саразин: Власта врши политички притисоци врз граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од Тимчо Муцунски, денес  оствари средба со Германскиот Пратеник Мануел Саразин, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Германскиот Бундестаг.

На средбата двајцата соговорници се осврнаа на стратешките односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Мицкоски се заблагодари за севкупната поддршка дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на нашата земја.

Мицкоски го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци кои се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која силно ја поддржува евроатланската интеграција на Република Македонија како национален и стратешки приоритет.