сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Мицкоски на средба со претставници на стопанската комора во Прилеп

Мицкоски на средба со претставници на стопанската комора во Прилеп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со стопанската комора во Прилеп.

-Остварив средба со претставници на стопанската комора во Прилеп. Разговаравме за актуелните состојби кои во економијата се разочарувачки, но воедно ја искористив приликата да им ги презентирам нашите основни заложби во поглед на економското работење. Прво нешто што мора да се направи е да се нанесе сериозен удар на криминалот и корупцијата, второ мора да се стимулира приватниот сектор и да има реална поддршка од државата. Она на што ќе биде фокусирана идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде обезбедување на услови за развој и обнова на економијата. Ќе обезбедиме ниски даноци, кратење на непотребни давачки и цел сет на економски мерки на кои работиме во моментот. Драгоцени се нивните мислења и предлози и секако дека ќе бидат земени во предвид во нашите програмски определби. Доаѓа крај на политиката купи ден помини, ќе се избориме за обновата која ќе дојде и ќе донесе промени, стои во статусот на Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус