недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Мицкоски на средба со пензионерите: СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден, покачувањето со кое се фалат е помало од парите кои им ги украдоа

Мицкоски на средба со пензионерите: СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден, покачувањето со кое се фалат е помало од парите кои им ги украдоа

Пензионерите од Гевгелија на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го изразија своето незадоволство од владата на СДСМ, велат дека гласот не се купува со она малку што ни го даваат пред избори и што е неколку пати помалку од она што ни следуваше.

-Остварив средба со пензионерите во Гевгелија. Велат Владата не разочара, не се купува гласот со она малку што ни го даваат пред изборите и што е неколку пати помалку од она што ни следуваше. И во право се, тоа се вика измама. Го гледам Заев игра шах пред некој ден, се наместиле на сликање, се сети на пензионерите 2 месеци пред избори. Но играњето шах е помалиот проблем, проблемот е што Заев си игра со 300 илјади пензионери и удира по нивното достоинство, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ после денешната средба со пензионерите во Гевгелија.

-Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ и Заев во првите 6 месеци од 2019та одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019та одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден или по 575 денари месечно. Денес покачувањето со кое се фалат е помало од парите кои им ги украдоа. Затоа нивните пензии мора да се покачуваат многу повеќе за да можат да ги следат трошоците на живот кои растат многу повеќе од тоа што Заев го нарекува зголемување на пензиите. Да не збориме за другите права и услуги кои им ги укинаа. Следува вистинска грижа за пензионерите, следува и враќање на достоинството и почитта. Следува обнова од која ќе се забележи разлика и подобар живот, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коронавирус