недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Вести

Мицкоски на средба со Oвен Паун: „Граѓаните се разочарани од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и СЈО“

Мицкоски на средба со Oвен Паун: „Граѓаните се разочарани од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и СЈО“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Oвен Паун директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија и претставници од ИРИ.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.

Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.

Соговорниците беа согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи.