четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 47
home Вести

Мицкоски на средба со германскиот пратеник и заменик координатор на парламентарната група на ЦДУ-ЦСУ Јохан Давид Вадефул

Мицкоски на средба со германскиот пратеник и заменик координатор на парламентарната група на ЦДУ-ЦСУ Јохан Давид Вадефул

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со делегација на ВМРО-ДПМНЕ е во Лајпциг на Конгресот на сестринската партија Германската Демократска Унија (ЦДУ).

Тој денеска оствари средба со германскиот пратеник и заменик координатор на парламентарната група на ЦДУ-ЦСУ во германскиот Бундестаг задолжен за надворешни работи, одбранбена политика и Советот на Европа, Јохан Давид Вадефул.

-Имав средба со германскиот пратеник и заменик координатор на парламентарната група на ЦДУ-ЦСУ во германскиот Бундестаг задолжен за надворешни работи, одбранбена политика и Советот на Европа, Јохан Давид Вадефул.

Разменивме мислења за состојбите во Република Македонија и европските перспективи. Македонија ја има поддршката од пријателите кои ги поддржуваат нашите определби за борба против корупцијата, реформите за подобар живот и имплементација на европските стандарди.

На Европа и требаат земји со решени внатрешни прашања и состојби, а не влади кои се потопени во корупција, криминал и поделби.

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори за повисоки стандарди и промени. Обновата доаѓа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус