вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Мицкоски: На состаноците во Брисел лобиравме за Македонија, засега од Владата имаме само слово на хартија без суштински реформи

Мицкоски: На состаноците во Брисел лобиравме за Македонија, засега од Владата имаме само слово на хартија без суштински реформи

Како опозиција треба да придонесеме во овој процес за негово интензивирање и што поинтезивно приближување на Република Македонија кон ЕУ и нормално идно полноправно членство кон истата вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во интервјуто во Дневникот на ТВ Сител. Тој посочи дека меѓународната заедница е запознаена со моменталната состојба во Република Македонија.

– Моравме да ги запознаеме нашите партнери нашите пријатели од меѓународната заедница и за она што се вели моментална состојба во Република Македонија. Во минатото често пати декларативно луѓето од владата знаеја да се расфрлаат со проекти кои често пати тие ги ставаат на хартија и за жал ни е можеме да констарираме дека тоа преставува само едно добро слово на хартија, додека реализацаијата изостанува. Гледаме дека немаме реформи во правосудството, здравството, образованието. Можам да кажам дека голем дел од соговорниците се загрижени за она што во моментов се случува во Република Македонија посебно она што се вели план 3-6-9 но и за моменталната економска состојба во Република Македонија и уназадување на истата, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека имал конструктивни и квалитетни состаноци со високи преставници на на ЕУ за кои јавноста во Македонија била запознаена. Состаноци се одржале со комесарот за проширување Јоханес Хан како и со Федерика Могерини високата преставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика.

– Имавме состаноци со голем број на европратеници меѓу кои и известувачите за Македонија Кукан, Вајгл, Флекенштајн со Ковачев. Имавме формални и неформални состаноци со многу други европратеници, исто така со претседателот на Европската народна партија, Јозеф Дол и генералниот секретар Лопез. Учествував на политичкото собрание каде што имав можност да остварам кратка комуникација со господинот Баша кој што е претседател на Демократската партија на Албанија, рече Мицкоски.

Овие конструктивни и квалитетни состаноци кои што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски послужиле да се побара подршката за понатамошните евроинтеграциски процеси на Република Македонија.