сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 72
home Вести

Мицкоски: На секому му е јасно, ако Заев склучи штетен договор со Бугарија, ВМРО нема намера тоа да го почитува

Мицкоски: На секому му е јасно, ако Заев склучи штетен договор со Бугарија, ВМРО нема намера тоа да го почитува

Јас би сакал и апелирам , сега на 8-ми декември, Македонија конечно, од нашите европски партнери да добие датум за преговори без да биде тоа, затоа што Зоран Заев ќе потпише договор со кој ќе не поништи и ќе го уништи нашиот идентитет, затоа што јавно кажувам дека, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа нема намера да го почитува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во емисијата „Клик плус“ на телевизија Тв21 додаде дека ако овие позиции на Зоран Заев, во однос на македонско-бугарските односи, влезат во договор, треба на секој да му е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува.

Мицкоски додаде дека ако во фер основа без оштетување на македонските нациконални итересе, Македонија отпочне преговори со Европската унија, тогаш се би било поразлично затоа што и така историската комисија секогаш ќе ни виси на глава, при што во секој момент нашиот истечен сосед би можел да не врати пак од почеток, во однос на новата методологија за преговарање.

„Но ако е тоа на фер основа и ја добиеме таа конечна дата за отпочнување на преговори, еве да речеме се надмине се и политичарите кај нашиот источен сосед одлучат, еве во ред, се повлекуваме од нашите позиции , нека отпочне Македонија. Секогаш ќе постои таа историска комисија за преговори, која што како даматнов меч ќе ни стои на главите при секое поглавје, да може да се вратиме од почеток, бидејќи таква е новата методологија.“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати критики до актуелниот премиер, Зоран Заев затоа што тој не сака да разговара во Македонија со опозицијата и со другите чинители со цел да се игради национален консензус со кој би настапеле против Бугарија, и дека ваквото негово однесување е исклучиво од личен и теснопартиски интерс а не државен и национален.

„Значи ние денеска не можеме да зборуваме, па дури и да отпочнеме преговори за наша европска иднина, затоа што континуирано овој човек четири години ги сегментира нашите позиции, нашите национални позиции, избегнува договор со опозиција , избегнува национален консензус, затворен е помеѓу четворица и се води исклучиво од интерес кој што е личен и во дадена мерка, можеби тесно партиски, а не национален и државен интерес“, истакна Мицкоски.

И доколку Заев, додава тој, продолжи понатаму овие позиции да ги бетонира, тој свесно ја бетонира негативно европската иднина на македонската држава.

Коронавирус