сабота, 15. јуни 2019. Вести денес: 83
home Вести

Мицкоски на отворање на нов штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово: Нека остане запишано доаѓа времето кога власта ќе треба да се соочи за сите лажни ветувања

Мицкоски на отворање на нов штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово: Нека остане запишано доаѓа времето кога власта ќе треба да се соочи за сите лажни ветувања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на Валандово каде беше дел од отворањето на новиот штаб на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Валандово.

-На мое големо задоволство бев во победничко Валандово, на отворање на новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Навршуваат две години од оваа влада, две години исполнети со неправди, со многу криминал, пропуштени шанси, упропастени судбини, време кога се зголемија даноците, кога се обидоа да ги понижат земјоделците, почнувајќи од оние кои ги сечат овошките, до маката на јаболкарите, лозарите кои ги измамија, тутунарите чија мака не се почитува и тоа во време кога министерот за земјоделие се фали така лесно, без морал како шопингувал во Дубаи.
И се повеќе луѓе ја гледаат оваа неправда и затоа се повеќе луѓе ни се приклучуваат во битката да ја вратиме Македонија на вистинската патека, патеката на достоинството и победите, на правдата и честитоста. И го гледам премиерот на дебатата, така нервозен, некомотен, се препотува, постојано не ја говори вистината, зошто знае дека губи. И не убедува дека работел за идните генерации, какви идни генерации Заев кога ти коренот ни го исече, но повторно ние сме како пиреј и колку да не корнеш ние повторно ќе растеме.
Нека остане запишано доаѓа времето кога ќе треба да се соочат за сите лажни ветувања, за сите измами и пљачки што ги направија, и секако, да се соочат со законот сите оние кои се огрешија, од прв до последен.
Ќе одговараат за сите злодела и криминал, одгворност ќе има, и таа ќе ја донесе правдата која и треба на Македонија, стои во неговиот статус на Фејсбук.