среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Мицкоски на најмасовниот митинг: За Македонија да оди напред потребна е казна за сите неправди

Мицкоски на најмасовниот митинг: За Македонија да оди напред потребна е казна за сите неправди

На 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај победува Македонија и Гордана Силјановска Давкова, заедно со народот. Велеше не распипувал предвремени избори затоа што ќе не прекршел. Види дали ќе не прекршиш или ќе бидеш прекршен. Крајот ќе дојде на предвремените избори, господине Заев.

Македонија е разбудена, Македонија е на нозе во сите градови и села, сите маала, улици, сите населени места. Oд Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, цело Скопје, верното Ѓорче Петров, мојот роден Карпош, Центар, Чаир, Аеродром, тврдокорната Гази Баба, Бутел, секогаш бунтовната Кисела Вода, непобедливите Илинден, Петровец, Сопиште. Тука е Штип, велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Тетово, Битола, Кичево, Куманово, цела Македонија е тука и подготвена е да победи. Македонија ја носи промената, промената која ќе донесе правда над неправдите, ќе донесе надеж поразувајќи ја безнадежноста.

Ова го истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на масовно посетениот митинг во Скопје.

Тој порача: „Бајракот на победата се вее гордо високо“.

-И овде пред мене, јас не гледам “сурати” како што би кажал еден човек кој има втора желба да биде претседател, а со него се слагаат овие внатре, скриени во овие згради кои сега со начулени уши, туку да чујат, убаво да чујат, дека овде и насекаде во Македонија каде што бев и допрва ќе одиме има горд и убав народ, убави лица кои ја носат ведрината која е потребна на нашата земја, кои знаат дека за Македонија да оди напред потребна е казна за сите неправди, за сите грешни политики. И кога прашањето е Македонија, одговорот е народот, народот на оваа земја. Народот се вика македонски народ кој си ја сака Македонија. Скопје секогаш на пролет мириса на липи, но оваа пролет има и еден друг мирис, многу интензивен, многу продорен. Мириса на победа, победа, победааа над Заевизмот во Македонија. Заевизмот кој како диво месо го гуши секој еден граѓанин. А ќе победиме само  заедно, истакна тој.

Мицкоски порача дека до победата ќе се дојде еден до друг, обединети, во коалиција со народот.

-Пред помалку од една година, на мојот прв голем митинг  како претседател на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, одовде порачав дека не знам дали ќе успеам или не, но дека е важно секој еден од вас да верува во себе. Речиси една година потоа еве ме овде пред вас стојам и го имам одговорот. Вие вечерва ми помогнавте, успеавме заедно драги браќа и сестри. Успеавме затоа што верувате во себе и знаете дека овие избори се шанса да се избориме, за нас, за вас, за вашите деца, за вашите пријатели, за заедничката иднина и надеж. Ова е борбата за нашата земја. Затоа што не наведнавме глава кога беше најтешко, а тогаш човек минува низ страдања и искушенија кои се кршат на неговиот грб, но ние Македонците имаме пркост која победува неправди големи како планини, но и љубов кон нашата татковина поголема од се друго. Таа љубов нè исправа на правиот пат колку и тој да е тежок, колку и да каллив и темен.  А ние ја имаме таа судбина одново и одново да ги преживуваме сите тешки бремиња опишани од нашите големи имиња од минатото, рече тој.

Мицкоски посочи дека овој тежок живот денес го живее секој еден човек.

-Поминав илјадници километри низ нашата земја, не сретнав човек кој се пофали, човек кој рече добро живеам, зошто живот откако дојдоа овие овде нема. Животот кој го ветија, пекол се претвори. Пред извесно вре,бев во Свети Николе, дојде една старица од едно Светиниколско село, ми вели знаеш синко нашето село секогаш било напаѓано во минатото од многу војски, нашите никогаш немаа шанса да победат, ама се бореа, пукаа, некогаш и гинеа, ама даваа отпор, затоа што знаеја дека ќе чукне часот, ќе дојде денот кој ќе ја донесе слободата, и тој ден не е само победа на тие кои ја извојуваа, туку сите генерации кои во минатото се бореа за неа. Да дојде подобро, да дојде доброто во Македонија и да го победи ова секојдневие што е  злото.  Драги пријатели, чукна часот, дојде денот,  мигот кога секој од вас треба да ги преземе работите во своите раце, да излезе и да гласа, да гласа за својот дом, за своето семејство, за заедничката иднина. Македонија овој пат се брани со гласачко ливче, на 21 април, а потоа и на 5 мај, истакна тој.

Мицкоски одговори на прашањето: „Зошто ова се повеќе од обични избори“?

-Затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено. Сруши еден темел, нагриза друг, почна со рушење на дневната соба, ги разнишаа гредите, а кровот кога тогаш ќе падне врз сето ова. Во меѓувреме ни велат седете внатре безбедни сте, иако сите добро знаете дека не е така. Затоа ова мора да престане. Мора да се спротивставиме на ова рушење, зошто ни го одземаат нашиот дом, кој не е само наше право туку и наша обврска. Затоа овој пат Македонија се брани на овие избори со гласачко ливче. Оваа кампања го потврди сето она што го говоревме за Заевизмот, за црнилата кои тој Заевизам ни ги донесе. До таму дојде работата што истрчаа на избори без визија, на нивните митинзи освен по некоја нарачана фалба, тук-таму некоја поетска изведба и лош хумор од Пендаровски Стево нема да чуете ништо конкретно. Тоа е потценување. Да го видите на билборди со онаа насмевка и со позадина на народ кој што е затемнет, со заматени лица, бидејќи Стево, по примерот на тој кој го номинираше, Заев, бил најважен. Од Пендаровски наместо визија ќе чуете бачила, сурати, пред очи да не му излегувале луѓето ако не победел, а од Заев што можете да слушнете ново? Освен некоја неразбирлива дилема, како на пример онаа која ја кажа дали мрчењето бил збор на македонски или струмички, демек едното е поразлично од другото, а кога ќе помине сето тоа ќе удри по некоја песна, на некој лош англиски на плоштадите, посочи тој.

Мицкоски истакна дека во оваа кампања народот виде дека Зоран Заев и Стево Пендаровски се исти, празни политичари.

-Позитивното е што се виде дека и Заев и Пендаровски се празни политичари. И што би рекле самите тие навистина се повеќе од 102.5% исти. И тоа е вистинскиот проблем за Македонија. Затоа што Зоран Заев не е ниту Тито, како што го викаат неговите, или пак уште помалку некое божество за фалење. Тоа е Зоран Заев човекот кој се фалеше да не му ја гибаме жицата македонска, оти изгубен во времето ќе го барал семето, кој велеше дека ќе донел живот. А што направи? Го промени името, го промени идентитетот, се срами да рече дека има Македонци во соседна Грција, се срами да ја отпее химната на Македонија, да слушне дека Денес над Македонија се раѓа, дека Македонците се борат за своите правдини. Се срами од македонската гарда за да не го навредел неговиот нов пријател Ципрас. Рацин велеше „за туѓи бели дворови копај си црни гробови“! И навистина е тешко да се гледа како понизно се пењави пред грчкиот колега, како слугата од Македонските народни приказни, за да не згреши нешто, зошто не сакал да му предизвика проблеми дома во Грција. Ама се коцка со моето и вашето достоинство. Не го донел тоа од дома. А овој народ, господине Заев,  што е со нашиот народ. Што е и со умрените, постраданите за Македонија, сегашните и оние неродените кои доаѓаат.  Што е и со Гоце Делчев кој те гледам го редиш по спотовите, или Блаже Коневски кој велеше дека името ни е големо, сакаат да ни го земат. Бесрамно ги редиш во спотовите на Стево. Тие се бореа за Македонија. Нивниот лик е потсетник на твојот срам со делото со кое го нагрдуваш нивниот завет, порача Мицкоски.

Коронавирус