сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Мицкоски: На Македонија и е потребно нов тип на политичари, професионални, посветени и одговорни луѓе, ние го ветуваме тоа

Мицкоски: На Македонија и е потребно нов тип на политичари, професионални, посветени и одговорни луѓе, ние го ветуваме тоа

Луѓето во минатото имале своја  причина да го казнат ВМРО-ДПМНЕ, или да гласаат за СДСМ. Јас ги разбирам зошто гласале како што гласале, и тие имаат свои аргументи затоа, од кои ние како политичари мора да извлечеме поука. Но, факт е дека ова што се случува не е тоа за што гласале нашите граѓани, тие сигурно не гласале за 0 нови работни места, за барање изговори зошто не им оди, а ветуваат дека за 6 месеци чуда ќе се случуваат, не гласаа за криминалот кој го гледаме, за младите да го интензивираат иселувањето, за недавањето на повисоки плати и пензии, за распродажбата на националните интереси, двојазичноста и промена на името со капитулантскиот договор. Тоа е факт, ова денеска го потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестниот марш во Струмица.

На Македонија и е потребно нов тип на политичари, професионални, посветени и одговорни луѓе, кои се докажале во различни области, кои остваруваат ветувања, и кои нема да го изневерат народот. А не политичари од кариера, кои без политика се ништо. Ние ветуваме борба политичка, со различни концепти која што ќе се темели на пограми Затоа јас ќе се залагам политиката да не биде борба на политичари кој со разни трикови ќе е поумешен да продаде нешто што го стекнал самиот, туку борба на концепти, програмски концепти. Борба која ќе ја предводат  професионалци, борба која што ќе не донесе конечно до ослободување од оваа тиранија која и се случува на нашата татковина. Ќе ја видите нашата програма која ја работат луѓе професионалци и од дома и странство, на странци, но, и македонци од дијаспората, како и преку дискусии од народот кои ги почнуваме за две недели од сега во работното лето наречено ЛЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА, вели Мицкоски.

Тој додава дека новиот концепт и визија е она во кое што верува Мицкоски и додава дека цврсто верува за политика базирана на одговорност.

-Во исто време социјални, либерални и конзервативни. Ние сме слободна, хумана демократија преку хуман конзерватизам како народна десна партија која слободниот човек го става на прво место, а сето ова мора да е базирано на владеење на правото.  Не можеме да се интегрираме во Европа, ако не се интегрираме во Македонија, и ако не го промениме системот на вредности во Македонија. Не можеме да влеземе во Европа ако не се европизираме самите ние. Не верувајте на новите лаги на Заев дека пари од небо ќе паѓале и само што не сте се збогатиле сите и се ќе распродадеме и од утре почнуваат чешмите и пари ќе течат. Не е таква вистината браќа и сестри, сум бил , сум работел, знам и многу треба визија, работа и труд, вие граѓаните го имате тоа, но за жал оние кои што се влада во Македонија го немаат тоа и бараат спас во последната карта, а тоа е продавај се што некој макотрпно го создал, а тоа нема да им го дозволиме. Семејството- мора да биде и да остане основна клетка на општеството. Посилна економија, посилни семејства, значи посилна држава. Во политиката како држава треба да добиеме се, наместо да дадеме се. Јас сум за образование и напредок со носење на Светот кај нас, а не одлив на мозоци и стагнација. Слободен човек е мислечки човек, такви луѓе се нашето најголемо богатство, оттука образованието и науката се клучот на успехот. Партиите не смеат да владеат со Македонија, со Македонија мора да владее Уставот, законите и вредносните принципи, истакнува Мицкоски.

Коронавирус