вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

Мицкоски: На мафијашки начин, со измислена белешка за куќа во Грција го приведоа Чавков

Мицкоски: На мафијашки начин, со измислена белешка за куќа во Грција го приведоа Чавков

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Сител Телевизија изјави дека повторно се гледа како пресметката со политичките неистомисленици продолжува, уште пред да биде обзнанена пресудата за Чавков, него го приведуваат на мафијашки начин со измислена белешка.

– Пред практично да биде пресудата обзнанена од страна на судијата кој што е одговорен овој процес каде што е опфатен господинот Чавков, МВР издава наредба да се приведе на истиот метод на истиот начин полумафијашки јас би рекол како што беше претходно за други двајца поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, со службени белешки, измислена службена белешка измислена куќа во една наша соседна држава, вели Мицкоски.

Тој посочи дека тука веќе има две суштински работи тоа е дека некој ја знае веќе пресудата, а другата е се разбира осветољубие и ништо друго.

– Го имаме овој мафијашки пристап во кој се следи лицето кое што треба да биде осудено и егзекутирано се апси, се приведува а основа претставува службена белешка која е симптоматична белешка со тврдење дека се подготвувал да избега во викендицата која е во соседна држава, а семејството еве излезе и демантира, а впрочем е и лесно да се провери дали има, нагласи Мицкоски.

Коронавирус