недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

Мицкоски на дружба со младите од Неготино: Младите со оваа влада се на маргините од општеството

Мицкоски на дружба со младите од Неготино:  Младите со оваа влада се на маргините од општеството

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после посетата на Струмица за големиот празник Мала Богородица се упати во Неготино каде што се дружеше со младите кои што се иднината на Македонија.

-На средба со младите од Неготино во манастирот „Св. Ѓорѓи“. Младите со оваа влада се на маргините од општеството и тоа не смее да се толерира. Заеднички да се избориме за промени кои ќе значат сигурна иднина тука во Македонија. Затоа нашата битка е за обнова, за проблемите кои ќе ги решиме, за програма со која ќе ја развиваме нашата земја. Заеднички, силно и одлучно, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.