недела, 22. септември 2019. Вести денес: 36
home Вести

Мицкоски: На 30-ти граѓаните одлучуваат за капитулантскиот договор на Заев

Мицкоски: На 30-ти граѓаните одлучуваат за капитулантскиот договор на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија Алфа, им порача на граѓаните дека на 30-ти Септември единствено тие одлучуваат за капитулантскиот договор кој го потпиша Зоран Заев и СДСМ со соседна Грција.

Тој уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ за време на лидерската средба кога на маса се нашло прашањето кое ќе се постави на референдумот, барало прашањето да биде еднозначно и да се однесува единствено на како што вели капитулантскиот Договор од Преспа.

Ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ било одбиено од страна на власта, а прашањето кое што ќе биде поставено на 30-според него е кованица која е спротивна на законите, спротивна на Уставот и спротивна на кодот за добри практики кој е препорачан од Венецијанската комисија.

Лидерот на опозицијата, за ова, причината ја гледа во тоа што власта не верува во квалитетот на договорот и не веруваат дека еден ваков договор би ја добил потребната поддршка на референдум.

-За време на онаа последна лидерска средба, даде предлог кој што се однесуваше исклучително на капитулантскиот договор кој што СДСМ го потпишаа со нашиот јужен сосед. Имајќи предвид дека граѓаните на овој референдум кој што ќе се одржи на 30-ти септември треба да постапат и да одлучуваат евентуално по тој капитулантски договор кој што го потпишаа ќе повторам Зоран Заев и СДСМ со нашиот јужен сосед. Но како што кажав во неколку наврати во минатото еве ќе се обидам сега повторно и тоа да го повторам. Зора Заев таквиот наш предлог го одбија поради тоа што не веруваат во квалитетот на договорот, не веруваат дека еден ваков договор кој што би бил претставен пред граѓаните на Република Македонија, би добил масовна поддршка на истиот и токму заради тоа одлучија да направат една кованица која е спротивна на законите, спротивна на Уставот и спротивна на документот кој што се нарекува код за добри практики, а е препорачан од Венецијанската комисија и кој што се однесува токму на едно референдумско изјаснување во било која држава во Европа па и пошироко. Ти е се обидуваат повторно да ја манипулираат јавноста, да ги заведат граѓаните. Гледаме дека во ек е една масовна медиумска кампања која што претставува терор на сетилата на граѓаните со едни измислени пароли кои што немаат никаква врска, а се поврзани со референдумското изјаснување на 30-ти септември.