четврток, 13. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Мицкоски: На 15-ти јули доаѓа Обновата на Македонија и времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

Мицкоски: На 15-ти јули доаѓа Обновата на Македонија и времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на собирот во Сопиште од каде што порача дека граѓаните мора да знаат што се направи СДСМ во изминатите три години.

Мицкоски истакна дека да се заблагодарува на сите кои од доцните осумдесети и раните деведесети години учествувале во создавањето на суверена и независна држава, фудбалска репрезентација, македонска армија, македонски банкноти.

Исто така Мицкоски се заблагодари на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ, на сите структури кои се двигател на партијата. Еден од најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ е исто така коалициониот партнер Љупчо Димовски кој со сите свои постапки покажа дека е ВМРО.

Потенцираше дека ова се најважните избори, но не само поради тоа што пред нас е исправен најголемиот предизвик во врска со Ковид-19 вирусот, туку предизвикот за тоа во каква држава сакаме да живееме.

-Изборот на овие избори е историски. Одлуката е дали сакаме Македонија која ќе биде понижена и посрамена или Македонија со исправена кичма и гордо крената глава. ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја одбрани државата од сето зло кое сега СДСМ го нанесе на македонскиот народ, но и да ја одбрани честа на сите наши предци. ВМРО-ДПМНЕ преброди многу критики, но тие критики не направија помудри и посилни. На 15-ти јули уште во седум часот наутро ќе се наговести најголемата победа во историјата на Република Македонија. На 15-ти јули Сопиште ќе ја поддржи Гордана Силјаноска Давкова. Оваа апокалипса која што и се случува на Република Македонија мора да престане. Обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да ја сопре оваа појава и да ја донесе обновата, рече тој.

Мицкоски истакна дека никогаш повеќе не смее да се дозволи државата да ја водат неразбрани политичари кои би се дрзнале на распродажба да стават национални интереси, само за сопствени придобивки.

-На 15-ти јули народот ќе го заокружи бројот 14 и ќе го победи Зоран Заев и СДСМ. Тука завршува нивната лажна приказна. Императивот на ВМРО-ДПМНЕ не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ, туку Македонија. СДСМ и Зоран Заев за три години не направија ништо од ветеното. Ниту автопати, ниту студентски домови, ниту 500 евра просечна плата, ниту пак ги вратија оние млади луѓе на кои им ги оставија чевлите пред Владата на Република Македонија. СДСМ лажеше за тажни судбини. Ги искористија на подол начин судбините на децата од Смилковско, на Јанушев, Кољо, Младенов. Лажеа за илјада работи, манипулираа со човечки животи. Но за сето тоа ќе има правда. Во првите шест месеци од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ правдата ќе биде безусловна, а толеранцијата сведена на нула. Таа правда ќе важи за секој подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне ветингот од сопствениот двор. Секој политичар ќе мора да докаже како го стекнал својот имот. Да се види кој чесно работел, а кој творел на грбот на народот. Независно за кој политичар се работи и дали е од една или друга политичка партија, правдата ќе важи за секој подеднакво. Без исклучок. Сето тоа е во програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Проект – Обнова. Испишани 360 страници на кои има над 1000 проекти. Во неа има 25% поголема просечна плата за еден мандат, 20% поголеми пензии за еден мандат, најмалку еден универзитет од првите 1000 во светот. Проекти со јасна методологија за народот да следи, а ВМРО-ДПМНЕ да даде отчет за сработеното. Оваа програма е напишана со врвни професионалци од сите сфери кои се дел од партијата, дел од структурите на партијата, некои и не се дел од партијата но се пријатели кои искрено сакаат да помогнат во обновата на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да обезбеди сигурно здравство, а не да стравуваме за животите на нашите сограѓани поради несоодветен пристап. Здравството е еден од најважните темели на една држава, рече тој.

Мицкоски додаде дека во програмата е јасно кажано дека ВМРО-ДПМНЕ посакува НАТО и ЕУ интеграции, но никогаш под туѓ диктат и под уцена за распродажба на националните интереси.

„Факелот за Македонија ќе гори се додека не екне во полн сјај онака како што заслужува нашата татковина“.

Мицкоски беше дециден дека нема да дозволи ничив образ да биде оцрнет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи деноноќно за исполнување на сите ветени проекти од изборната програма.

-На 15-ти јули да се заокружи бројот 14 пред професорката Гордана Силјановска Давкова. Да се поддржи жената која е инспирација сама по себе. Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и тоа е неминовно. Да е вечно ВМРО-ДПМНЕ! Да е вечна Македонија, рече тој.

Коронавирус