среда, 5. август 2020. Вести денес: 35
home Вести

Мицкоски: На 15-ти јули да ја испратиме во минатото оваа ненародна власт предводена од Заев и СДСМ

Мицкоски: На 15-ти јули да ја испратиме во минатото оваа ненародна власт предводена од Заев и СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од скопска Кисела Вода ги повика граѓаните на 15 јули да стават крај на корупцијата и криминалот, на понижувањето на Македонија и да заокружат за број 14 на гласачкото ливче.

„Пред околу 30 месеци го започнавме овој маратон и се правевме внимателно, меревме, премерувавме. Во овие 30 месеци сите предизвици беа совладани и беше исклучителна можност ВМРО – ДПМНЕ да го покаже државничкиот капацитет, што и го покажавме. Така дојдовме до избори, а на 15 јули одиме на победа. Безусловната ваша поддршка не мотивираше да истраеме, и затоа ние по 30 месеци зборуваме и за победа. За само две и пол години успеавме да симнеме ненародна власт. Ова е влада е без ниту една политика, без понуда за македонскиот народ, донесоа само порази за Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека по 15 јули „ќе треба да ги заскукаме ракавите, да се обединиме како што многу пати македонскиот народ се обединувал, а потоа да работиме за нашата татковина за Македонија, заеднички да испишеме нова историја, затоа што нашиот политички противник е онаа тразнициона матрица политичари или полоши од оние порано“.

Според него главната матрица на СДСМ е пред избори прво, да дојдат да кажат по некоја лага, второ, да направат  национално понижување и криминал и трето, да ги перат гревовите.

Мицкоски потсети на криминалот, на штедилницата ТАТ, на лагите од 15 септември кога се ветуваше еден-двајца вработени од секое семјество, а кулминираше криминалот, потсети и на аболицијата за оние кои сториле криминал, како и на Луј Витон обвинителство и трас-трас судство.

На граѓаните, Мицкоски им посочи, дека политичкиот противник ќе дојде и ќе им ветува, ќе се колне во жицата, во семето, ама како што рече „ве лажат“.

„Затоа на 15 јули да ги испратиме во минатото. Затоа што тие можат само да крадат повеќе, да распродаваат повеќе. Имаа три години да направат добро, ама за три години не направија ништо и сега заминуваат во историјата. И тие кои што беа тука инвеститорите, заминаа зошто не сакаат да плаќаат арач. Но, ние сме тука да се обврземе дела секој кој сторил криминал го прекршил законот ќе одговара.

Не се сите исти, различи сме и тоа како сме различни. Доста беше 30 години политичко мочуриште и понижување на Македонија. Ќе почеме со ветинг кај политичарите секој ќе треба да го докаже потеклото на имотот, а тој што нема да може ќе одговара. Во првите шест месеци ќе донесеме закон за ветинг за политичарите, тие мора да го докаѓат потеклото на капиталот и имотот“, рече Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ главно е владеење на правото, а во програмата Проект – Обнова има фантастични реформи за оваа област.

„Сето тоа што е ветено во програмата Проект – Обнова ќе биде реализирано. Нудиме 25 проценти повисоки плати, 20 проценти повисоки пензии, илјада километри патишта, укинување на прогресивниот данок, нудиме најмалку 460 милиони евра за земјоделците …“, рече Мицкоски.

Коронавирус