сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 53
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Мицкоски: На 12 април народот ќе одлучи дали јас сум најнеспособниот лидер на опозицијата или вие ќе се соочите со вашиот страв и се она што сторивте на Македонија

Мицкоски: На 12 април народот ќе одлучи дали јас сум најнеспособниот лидер на опозицијата или вие ќе се соочите со вашиот страв и се она што сторивте на Македонија

На ниту еден факт кој претходно го споменав за енергетиката, власта нема одговор, освен неосновани квалификации. Кога не даваат простор за вистината, само лагата им преостанува. А за успехот ќе збориме по изборите, и тој сега може да се гледа вака или така, да се прикажува или менува во зависност на политичките гледишта и потреби на власта, но Заев треба да знае дека она што не се менува е криминалот и срамот, или што рекол нашиот народ, еднаш арамија цело време арамија!, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тоа е она што нашата земја ја турка кон дното, и тоа е она за што Заев треба да биде вистински загрижен. Уплашен човек навредува, уплашен човек понижува без факти и аргументи, а вие сте токму тоа г-дине Заев, уплашен човек кој после поразот на изборите во април ќе мора да се соочи со одговорноста. Мојот успех во струката го мерат други индикатори и луѓето со кои сум соработувал, со што ќе го мерат Вашиот и по што ќе Ве запаметат граѓаните. Поставете си ги овие прашања настрана од обожавателите и клиентелата која секој ден, од себе разбирливи причини Ве фалат и храбрат. Мирно спијам со спокојна душа чија жица е тука цела нескината, а Вашата жица каква е…, се сеќавате на онаа во која се колневте дека додека дишете, додека ве држи паметот ќе останела цела, напиша тој на Фејсбук и додаде:

„Дишете ли г-дине Заев? Ве држи ли паметот г-дине Заев? Народот исто вели не им прави на луѓето тоа што не сакаш луѓето тебе да ти прават. До каде е бројчаникот г-дине Заев? Ќе има ли правда и мир? Колку чевли го пронајдоа својот сопственик? Да редам ли уште…, попусто…, со вас за жал изгуби цела една генерација три години од сопствените животи, со вас изгуби татковината, тоа што нашите дедовци со крв и живот го платија. Сетете се на Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов, за каква Македонија тие ги положија своите животи, сигурно не за ваква понижена, омаловажена, опустошена, засрамена, со свиткана кичма, ранета…, и Ве молам без реминисценции од минатото сега сме јас и Вие, гради во гради, очи во очи, Вие со целиот апарат, закани, притисоци, уцени, арамилук, интриги, лажни вести, а јас со Македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Вие со вашиот страв, а јас со одлучност, очи во очи, јас и Вие, на 12 април народот ќе одлучи дали јас сум најнеспособниот лидер на опозицијата или вие ќе се соочите со вашиот страв и се она што сторивте на Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Доаѓа Обновата на Македонија“.

Коронавирус