недела, 16. мај 2021. Вести денес: 6
home Вести

Мицкоски: Можевме да го копираме однесувањето на СДСМ, но за нас врвен приоритет е интересот на граѓаните

Мицкоски: Можевме да го копираме однесувањето на СДСМ, но за нас врвен приоритет е интересот на граѓаните

Во интервјуто за телевизија Алфа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека како и во минатото така и сега ВМРО-ДПМНЕ била браник на националните и државните интереси. Така и во овој момент раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучило да не ја напушти масата и на таа маса да додаде вредност при изработката на реформските закони.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото така и сега била браник на националните и државните интереси и во овој момент раководството на партијата одлучи дека национален интерес е ВМРО-ДПМНЕ да не ја напушти масата, а на таа маса ВМРО-ДПМНЕ додаде вредност при изработката на сите т.н. реформски закони и истите тие понатаму во една процедура во собранието беа усвоени дел допрва ќе се усвојат, вели Мицкоски.

Мицкоски забележа дека и покрај подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ до владата со цел остварување на државните интереси, премиерот Заев не го испочитувал инпутот на опозицијата во извештајот на Европската Комисија. Но потенцираше дека високите претставници на ЕУ, Јоханес Хан и Федерика Могерини ја споменале опозицијата како клучен фактор за добивањето на позитивната препорака за старт на преговорите со ЕУ.

-Но она што е интересно, а која што говори за карактерот на луѓето во владата е онаа изјава која што премиерот Заев ја кажа дека и да не била опозицијата, оваа оценка ќе постоела . Тоа беше онаа прва претпоставувам еуфорична изјава, по малку не сереќна. Но набргу дојде демантот од страна на високите претставници  на ЕУ Јоханес Хан  и Федерика Могерини, каде што јасно и недвосмислено беше спомената опозицијата како клучен фактор во добивањето на ваква препорака и ваков извештај кој што го доби Република Македонија од страна на,Европската Комисија. Тоа сето ни беше нам честитано. Оддадена ни беше честа, рече лидерот на опозицијата.

За крај тој заклучи дека за разлика од некои политички структури во Република Македонија единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ е интересот на граѓаните на Република Македонија.

-Ние продолжуваме и понатаму да ги имаме државните и националните интереси како врвен приоритет. Што не е случај со одредени политички структури во Република Македонија. И така ќе продолжиме во иднина да се однесуваме. Затоа што за нас единствена цел е интересот на граѓаните и Република Македонија, вели Мицкоски.

Коронавирус