сабота, 15. август 2020. Вести денес: 64
home Вести

Мицкоски: Мора да се сочува унитарниот карактер на државата

Мицкоски: Мора да се сочува унитарниот карактер на државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата на Телма зборуваше за унитарниот карактер на државата и посочи дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е најавено зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.

-Факт е дека има многу недоследности и недоречености во Уставот. Можеби сега е моментот кога тие работи ќе бидат потврдени бидејќи сите се залагаме за унитарен карактер на Македонија, дека нема да постојат во иднина било какви размисли за да се наруши тој унитарен карактер на државата. Мислам дека ова е одлична можност после овие избори да биде поддржана  буквално од сите политички партии во Парламентот да се направи таа измена и да сетоа тоа функционира и за во иднина практично  да биде водилка еве како ќе се води власта, потенцираше тој.

Мицкоски во своето гостување  порача дека  ако  сите во државата се за унитарен карактер на државата и ако овој начин е пресликан од други современи држави не гледа причина тоа да не го поддржат и останатите етникуми во државата.

Коронавирус