Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Македонско радио изјави дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе следи многу работа и затоа ќе дадат се од себе за да не ја изневерат довербата на граѓаните, бидејќи доколку тоа не се случи граѓаните ќе ги казнат.
-Ние ќе се обидеме да дадеме се од себе да бидеме пред се искрени и честити, а останатото знам дека народот ќе го препознае и ќе го награди, доколку не сме искрени и честити, знам дека народот е доволно умен и искусен и знам дека тоа ќе го препознае и ќе го казни, потенцираше Мицкоски.
Тој истакна дека е силно е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа опција која искрено и чесно ќе пријде пред граѓаните на Македонија, и искрено и чесно ќе ги пренесе политиките кои планира да ги води и тоа и ќе го оствари.