петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: Мора да продолжиме да се бориме затоа што само тие што се борат, тие на крајот од таа борба победуваат

Мицкоски: Мора да продолжиме да се бориме затоа што само тие што се борат, тие на крајот од таа борба победуваат

Мора да продолжиме да се бориме затоа што само тие што се борат, тие на крајот од таа борба победуваат. Тие кои седат и чекаат победата сама да дојде- се лажат. Мора да излезете очи во очи со предизвикот. Колку и да е тежок тој предизвик, колку и да ви изгледа невозможно, колку и да ви велат дека е готово и дека ништо не можеме да промениме, тоа треба дополнително сите нас да нè мотивира во борбата за правда за Македонија.

Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Струга.

-Оној негов кандидат, деспотски избран во оној скап хотел, е лице и опачина на една иста паричка со Зоран Заев. Нашите сограѓани на кои им е поубаво и подобро живеат, поквалитетно живеат откако Заев е премиер. Тие ќе гласаат за него. Тоа е алтернативата. Но, сите оние кои денес се чувствуваат омаловажени, понижени, опљачкани од овој криминален картел нема да дозволат и нема да одобрат претседател заштитник на овој криминален картел кој денес е на власт. Тие ќе гласаат за честита личност, за личност со интегритет, со достоинство, со вистинска програма и визија како претседател на Република Македонија. Одговорот е јасен, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е изборот. Го имаме Заев и Стево лице и опачина на една паричка и имаме честита Македонија олицетворена во нашиот кандидат, иден претседател Силјановска Давкова, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека и самите СДСМ знаат дека ќе загубат.

-Дека губат и они знаат. Ќе ме прашате од каде знаат дека губат. Одговорот е едноставен. Затоа брзаа да донесат пресуда, да му го испорачаат ветувањето на деспотот, затоа што знаат дека после 21-ви април се ќе биде поинаку откако ќе бидат поразени. И тие клиентелисти во судството што денес им слугуваат, ќе завртат нова страна и ќе се плашат дека нема амнестија за Заев  и таквите како заев, па ќе мора да се соочат со законите и пред законите и да поднесат сметка за сето ова што и го направија на Македонија и на сите граѓани, порача Мицкоски.

Коронавирус