вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Мицкоски: Мојата визија за Македонија е земја на среќни граѓани- силна економија, крупни инвестиции, поквалитетно образование и здравство…

Мојата визија за Македонија е земја на среќни граѓани, истакна новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски: Мојата визија за Македонија е земја на среќни граѓани- силна економија, крупни инвестиции, поквалитетно образование и здравство…

Сликата за Македонија е земја на уништена економија. Граѓаните за жал осиромашуваат. БДП во првите три квартали забележува пад од 0.4 проценти. Бруто инвестициите опаѓаат за огромни 9.5 осто и тоа само во третиот квартал годинава. Мојата визија за Македонија е земја на среќни граѓани, истакна новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неговиот избор.

На Македонија и е потребна силна економија со развиено домашно стопанство, и крупни инвестиции во државата. Стабилен и реален раст на БДП на ниво од прилика околу 4 проценти, а зашто да не и повеќе, рече Мицкоски и додаде:

„Македонија мора да вложува во технолошки и високо продуктивна економија. Потребен е развој на иновациите и поддршка на претприемачкиот дух, особено кај младите кој мора да имаат сигурна иднина, а наша е обврската тоа да го овоможиме, првиот момент кога ќе се вратиме на власт. Потребно е сузбивање на невработеноста. Ќе се бориме најпрво да ја добиеме власта во Македонија, а потоа ќе се бориме со активни мерки во економијата да ја намалиме невработеноста на прифатливи под 10 проценти. Даноците мора да останат ниски, за да економијата расте“.

Младите, според новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, треба да имаат и приоритет и државна подршка при процесот на стекнување на сопствен дом, во кој ќе градат семејство, а особено оние со пониски примања.

-Земјоделските субвенции мора да растат и да ги задоволуваат потребите на поддршка, стимулација и конкурентност, социјалната компонента и подобрување на стандардот на земјоделецот. Земјоделците не смеат да се грижат за својата егзистенција. Потребно е тие да имаат сигурност, поддршка од државата и помош при откупот и пласманот на производите кои макотрпно ќе ги создаваат.

Мора да има, рече Мицкоски, сериозни вложувања во поквалитетно образование од каде што впрочем доаѓам и јас, помалку санкции, но сигурна иднина за нашите најмили- младите. -Образованието треба да произведува кадри кои што мора да бидат меѓународно конкурентни. Мора да се зголеми процентот од буџет кој се издвојува за образование на најмалку 6 осто од годишниот буџет.

„Граѓаните истовремено очекуваат подобро здравство, поквалитетно и поконкурентно. Да, инвестициите во здравството се скапа работа, но здравјето на луѓето нема цена. Мора да креираме поконкурентно здравство, првиот момент кога ќе се вратиме на власт“.

Наместо поскапа електрична енергија и уништени електоренергетски капацитети, подвлече Мицкоски, првиот момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, ќе се ориентираме кон вложување и изградба на нови електроенергетски капацитети и Македонија да стане нето извозник на електрична енергија.

Коронавирус