петок, 29. јули 2022. Вести денес: 81
home Вести

Мицкоски: Моите информации говорат дека влада на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз, тој е катастрофален

Мицкоски: Моите информации говорат дека влада на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз, тој е катастрофален

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24, коментирајќи го францускиот предлог и изјавите на Ковачевски и Османи дека се уште немаат увид во истиот, рече дека според неговите информации истиот е усогласен со македонското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација.

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој? Ајде да зборуваме за португалскиот предлог, кои што нашата влада го прифати, нели велеа го прифаќаме. Ајде да зборуваме за се што било порано. Зошто сега сето ова не чинело за Радев, и наеднаш ова е добар предлог, најдобар. Сега ние треба како сериозни луѓе да си го ставиме прстот на чело и да размислиме што правиме и каде одиме? И дали треба воопшто треба да размислуваме и да губиме време или треба одма да го отфрлиме. Затоа што секој ден тактизирање на владата значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција и одиме нагоре што се однесува до бугарските барања. Ова не е одговорно од владата што молчи, дециден е Мицкоски.

Требаше до сега да излезе владата и да каже. Нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација. Еве јас ви кажувам од моето искуство дека тоа е невозможно. А моите информации велат дека прецизно е усогласено со каналите за комуникација во нашето Министерство за надворешни работи, рече тој.

Според Мицкоски, францускиот предлог не е добар за иднината и народот на државата.

Јас велам дека тоа не е добро за мене, иднината на оваа држава и за мојот народ. Тоа е мојот став, нагласи Мицкоски.

Коронавирус