четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Мицкоски: Многумина како сега Филипче се удираа во гради како лавови дека немало криминал, па после станаа мачинња, зошто за криминалот мора да се одговара

Мицкоски: Многумина како сега Филипче се удираа во гради како лавови дека немало криминал, па после станаа мачинња, зошто за криминалот мора да се одговара

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ зборуваше за набавката на вакцини против КОВИД-19 и посочи дека штом набавката на вакцини е проследена со многу скандали за тоа надлежните треба да одговараат затоа што за криминал мора да се одговара.

-Многу луѓе направиле кривично дело, ама завршиле во затвор. Ако сум јас политичар и ако јас водам погрешна политика, тогаш ако таа политика не успее чесно е да се повлечам и да речам „извинете, јас не успеав“. Но, ако мојата политика е проследена со милион скандали, тогаш јас треба да одговарам, ако постои основано сомневање за сторен криминал. Многумина такви јунаци познавам во минатото што денамтираа лавови беа, мачиња станаа, ќе видиме тоа времето ќе покаже дали се огрешиле пред народот или не, кажа Мицкоски.

Коронавирус