понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Мицкоски: Многу ретко газам на трула штица, се плашам дека местењето на тендери има дури во вакви времиња, за жал ќе испадне дека сум во право

Мицкоски: Многу ретко газам на трула штица, се плашам дека местењето на тендери има дури во вакви времиња, за жал ќе испадне дека сум во право

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ на прашањето дали мисли дека сега во ситуација на корона вирус некој ќе се обиде да мести тендери за респиратори како што тоа Филипче и владата на СДСМ се обидоа да го направат го истакна следново:

-Јас дали верувам или не верувам времето ќе покаже, но се плашам да не бидам во право и тогаш ќе биде проблемот ако бидам во право. Верувајте многу ретко во животот газам на трула штица и во овој случај не би сакал да бидам во право, но за жал можеби ќе бидам во право.

Мицкоски во интервјуто порача дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција во овој случај сака најмногу да помогне, а тоа го покажа и со пратката која што денеска стаса како резултат на опозицијата.

-Еве денска имаме една пратка која што е дојдена како резултат на опозицијата, но ќе следат и дополнителни пратки кои се вистински хуманитарни кои што граѓаните на Македонија ќе ги чинат 0 денари, не како други хуманитарни летови кои чинат пари и сето тоа ќе биде распоредено по институциите на кои што им е најпотребно, додаде Мицкоски.

Коронавирус