понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 31
home Вести

Мицкоски: Многу пати сум го критикувал Заев, но сега треба да се дејствува

Мицкоски: Многу пати сум го критикувал Заев, но сега треба да се дејствува

Право на протест е право на сите граѓани, а сега по изјавите на Заев, сега мора да се дејствува, рече претседатеот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата Клик плус што се емитува на телевизија 21.

Мицкоски укажа дека не знае зошто тоа го зборел Заев.

– Мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на дијалект на македонскиот јазик, но македонскиот во Струмица не може да е дијалект на бугарскиот јазик кој се говори во Петрич. Тоа е голема глупост за тој медиум не знам дали е од незнаење или од немоќ, рече Мицкоски.
Според него се додека Бугарите не разберат дека сме два различни народи, се додека тоа не го расчистиме не можеме да говориме.

-Мора да направиме разлика меѓу македонксиот и бугарскиот народ, рече Мицкоски укажувајќи дека по вакви ставови мора да се реагира, да се делува.

-До сега сум критикувал, но по ова треба да се делува згрозена е македонската јавност, рече тој.

Коронавирус