сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 38
home Вести

Мицкоски: Младите се иселуваат како никогаш порано, проблемот е криминалната транзиција и континуираното осиромашување, договорот со Грција нема да го промени тоа

Мицкоски: Младите се иселуваат како никогаш порано, проблемот е криминалната транзиција и континуираното осиромашување, договорот со Грција нема да го промени тоа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Јади бурек“ на телевизија Сонце, истакна дека во моментот младите се иселуваат се помасовно од Македонија, а како причина ја наведе лошата економска состојба која владата на СДСМ ја спроведува од самиот почеток на нивното управување со државата.

-Ако дискутираме за иселувањето, сега никогаш не било по интензивно тоа иселување. Сега можам да ви кажам дека имаме и статистички и фактографски најмасовно иселување на младите и тоа го докажуваат сите оние автобуси кои секој ден тргнуваат од Република Македонија кон другите земји, кон побогатите земји во Европа. Проблемот со лошата социо -економска ситуација не е договорот и не е НАТО или нешто друго туку криминалната транзиција која се случуваше во Македонија, континуираното осиромашување на овој народ, немањето реална државничка политика, вели Мицкоски.

Според него, Македонија можела да издејствува многу подобар договор од овој кој што го направил Зоран Заев, се со цел да се зачува достоинството на граѓаните и на државата, а да се дојде до крајната цел.

Мицкоски смета дека политичар не е професија, туку дека со политиката треба да се занимаваат луѓе кои што направиле нешто, луѓе кои што имаат цел и луѓе кои што знаат како да ја постигнат таа цел.