среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски, Мисајловски и Јанушев одржаа состанок со претседателите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по институциите станува основно средство за дејствување на власта. Беше истакното дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската сфера, економскиот сектор
Мицкоски, Мисајловски и Јанушев одржаа состанок со претседателите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот, Владо Мисајловски и генералниот секретар, Игор Јанушев остварија заеднички состанок со претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот, како што информираат од партијата, беше разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека  стандардот на граѓаните е загрозен и дека владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици. Нема никакви странски ниту поголеми домашни инвестиции, а економскиот развој целосно стагнира, што негативно се одразува врз економската моќ на граѓаните која е во надолен тренд.  Беше посочено дека очекувањата  на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието. Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по инсттуциите станува основно средство за дејствување на власта. Беше истакното дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската свера, економскиот сектор, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Биле разменети мислења и ставови во однос на понатамошното делување, притоа беше заклучено дека ќе се продолжи со процесот на транспарентно одлучување за сите одлуки од важност за партијата и нејзиното членство и постојана присутност на терен меѓу граѓаните.