вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Мицкоски: Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ

Мицкоски: Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ

На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на мини-шенгенот истакна дека алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои.

-Алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои. Секоја регионална иницијатива е добредојдена но тоа не смее да биде алтернатива. Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори. Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година следна таква можност е самитот кој што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема, истакна Мицкоски.

Коронавирус