сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 93
home Вести

Мицкоски: Ми приоѓаат членови на СДСМ и се извинуваат што ги поддржале

Мицкоски: Ми приоѓаат членови на СДСМ и се извинуваат што ги поддржале

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во денешното гостување на вестите во Алфа телевизија, истакна дека незадоволството од донесувањето на Законот за јазици во јавноста е огромно.

Тој вели дека му се случува членови на СДСМ да му пристапат со очигледно каење што нивниот глас го дале за СДСМ.

-Велат Г-не Мицкоски. Ние сме членови на СДСМ со членски, потенцираа. Велам да повелете како може да ви помогнам? Ние ги поддржавме, но никогаш не можевме да поверуваме во какво зло поддржуваме. Ова што ни се случува. Им одговорив дека го направиле она што сте мислеле во тој момент дека е потребно за државата и за партијата се разбира, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека во повеќе наврати се видело дека Зоран Заев едно зборува, а друго прави.

-Таков беше и случајот со Законот за јазици кој што во предизборието беше претставен на еден начин, а сега се случи спротивното. На Зоран Заев не може да му се верува и ова зло кое и се случува на Македонија мора што порано да се разобличи и да се порази на предвремени парламентарни избори, додаде тој.

Коронавирус