вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Мицкоски: Ме прашувате што треба прво да направи Владата на патот кон ЕУ? Mора да престанат да лажат и да крадат!

Мицкоски: Ме прашувате што треба прво да направи Владата на патот кон ЕУ? Mора да престанат да лажат и да крадат!

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и долго очекуваните вакцини.

На прашањето што треба Владата да превземе на патот кон ЕУ, Мицкоски беше дециден дека пред се Заев мора да престане да лаже или да се потруди помалку да лаже, бидејќи од 2018 година на секои три месеци добиваме датум за почеток на преговорите, а датумот сеуште го нема.

Мицкоски потенцираше дека државата ја води човек кој пред се не верува самиот на своите зборови, а потоа и не му верува ниту еден здраво разумен човек. Тој исто така посочи на моментот кога Зоран Заев се колнеше во жицата и семејството, за после само неколку денови јавноста да остане запрепастена и да сведочи на нова лага поврзана со распродажбата на идентитетот.

-На патот кон ЕУ, Република Македонија и Владата мора да направат уште многу нешта и да почнат да размислуваат чесно и европски. Но, најважно е прво Заев да лаже помалку и да има лице да ги погледне граѓани в очи. Бидејќи, доколку човек еднаш или два пати лаже може да се припише на случајност, но ако човек живее во свет од лаги, тогаш се работи за нешто повеќе, вели Мицкоски.

-Државата доживува колапс од секаков аспект, а Владата предводена од Заев не само што не реагира и не ги спречува тие работи, туку му даваат ветер во грб и го лажат дека се функционира беспрекорно. А реалноста е нешто сосема друго, граѓаните живеат тежок живот без перспектива и спасот го наоѓаат надвор од државата. Тоа значи дека Македонија не само што не ја донела ЕУ тука и да бидеме членка од истата, туку ги губи сопствените граѓани низ белиот свет, заврши Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија