понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Манипулативно се поврзува ЕУ и НАТО со договорот за промена на името

Мицкоски: Манипулативно се поврзува ЕУ и НАТО со договорот за промена на името

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, но и сега е искрен, чесен и принципиелен и вели дека секогаш кога има решение, кога има договор ние треба да одиме на референдумско изјаснување на граѓаните. Но, не природно, не етички, манипулативно успеавме два атрибути да споиме, а тоа е Европската Унија и НАТО да ги поврземе со темата договор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Клик плус’ на ТВ 21.

Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ на последната лидерска средба бил прецизен и јасен, односно дека ВМРО-ДПМНЕ предложило прашање кое што се однесувало исклучиво на референдумот и било еднозначно, едносмислено согласно Уставот за граѓаните не се наведат погрешно и со повеќе значи прашања, но за жал било одбиено.

-ВМРО-ДПМНЕ предложи прашање кое што се однесуваше исклучиво на референдумот и тоа беше: вашиот став за договорот потпишан помеѓу тој и тој, таму дали сте ЗА или ПРОТИВ, рече тој.