сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: „Мамас“ ајвар и корнишони нели јадат во Русија? Зошто да немаме од Русија вакцини против корона?

Мицкоски: „Мамас“ ајвар и корнишони нели јадат во Русија? Зошто да немаме од Русија вакцини против корона?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека ќе се вакцинира доколку пристигнат вакцините во Македонија.

-Да ќе се вакцинирам, ако дојдат вакцините. Немам никакви преференции, бидејќи мојата сестра е доктор по фармацевски науки и точно ме избрифирала што значи, рече тој.

На прашањето дали со руска и кинеска вакцина, Мицкоски праша зошто да нема руска или кинеска вакцина, директно прашувајќи “зарем Русите не јадат од Мамас ајварот и корнишоните на Заеви’.

-Немам дилема, зошто? Со секоја вакцина која што ќе дојде во државата. Во Русија Мамас ајвар не јадат, корнишони не извезуваме во Русија? Кога го потпишуваат договорот со Русија од фабриките на Заев, кога потпишува Бобан Заев не јадат Русите, оперирирани се од корнишоните од фабриките на Заев, вели Мицкоски и додаде: Не е битно дали е руска, кинеска, дали е Фајзер, дали е Модерна, дали е АстраЗена, нека ја донесат каква и да е.

ЕУРО 2020

Македонија