понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

Мицкоски: Македонската економија со оваа Влада ја очекуваат црни денови

Мицкоски: Македонската економија со оваа Влада ја очекуваат црни денови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција упати критики кон владејачката СДСМ за економските мерки за справување со корона вирусот.

Како што истакна претседателот на опозицијата, македонската економија на чело со оваа Влада не ја очекуваат сјајни денови.

„Искуството од претходните мерки е поразително. Најмалку 45 илјади невработени за 5 месеци. Затоа четвртиот пакет мерки е промашен обид. Мафијата ќе стане побогата, народот посиромашен. Најголем дел од мерките за стопанството и економијата, останаа нереализирани. Имаме најниска реализација на капиталните проекти. Македонската економија со оваа влада ја очекуваат црни денови“, рече Мицкоски.

Коронавирус