вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Мицкоски: Македонија се соочува со национална катастрофа, а поопасно од нејзе е само неспособноста на мафијата закотвена во владата

Мицкоски: Македонија се соочува со национална катастрофа, а поопасно од нејзе е само неспособноста на мафијата закотвена во владата

Наместо власта да се препукува со опозицијата и бара виновници за сопствената неспособност, да предлага закони без мерки за заштита од Ковид, да ја забошотува катастрофата со заразата, нека ги засука ракавите и нека проработи системот кој моментално е трул до последната штица, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.

„Ако имаа грам одговорност ќе летаа оставки, наместо ветувања за некое подобро утре кое никако не доаѓа. Ги нема денес наконтени на безначајни прес конференции, го нема ниту премиерот да ни каже дека ја победиле заразата која денес поразува, го нема ниту Караџовски да ни каже дека сѐ е под контрола, затоа што ништо не е под контрола. И не се само заразените, туку и високиот процент на починати кој покажува сериозни слабости во нашето здравство.

Македонија се соочува со национална катастрофа, а поопасно од нејзе е само неспособноста на мафијата закотвена во владата“, порачува тој.

Наместо власта да се препукува со опозицијата и бара виновници за сопствената неспособност, да предлага закони без мерки…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 21. Oktober 2020

 

Коронавирус