вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Мицкоски: Македонија многу даде за Европа, време е Европа да даде за државата и да почнеме преговори

Мицкоски: Македонија многу даде за Европа, време е Европа да даде за државата и да почнеме преговори

Македонија мора да отпочне преговори со Европската Унија час поскоро, мора да се случи час поскоро да се случи таа меѓувладина конференција Тоа е нашата единствена иднина. А ВМРО беше создадено како резултат на прозападните убедувања, затоа што кога многумина во Европа збореа за монархии, царства, ВМРО се бореше и крв лееше за сопствена република на Балканот, порача од денешниот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијамн Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија многу и дала на Европа, па сега време е Европа да и даде на Македонија, тоа е да отпочнат преговорите.

-Македонија даде илјадници жртви во борбата против фашизмот, борбата против крвавиот дел од комунизмот во овие безмалку 30 години независност Македонија е браникот со кој се брани Европа. Да не ја заборавиме улогата за стабилизација на Балканот при распадот на Југославија, бегалската криза во 99-та, кога некои земји ги затвораа своите граници, Македонија ширум ги отвори и беше добар домаќин на 100.000 бегалци како резултат на таа криза. Придонесот кој го дадовме за зачувување на мирот и мудроста во 2001-та. Но и постојаното учество на земјава, на нашите македонски војници во мировните мисии ширум светот каде се бориме против заедничките глобални закани како што е тероризмот и радикалните елементи. Воедно Македонија е и браникот преку кој се бранеше Европа од мигрантските налети што сеуште се закана. Сакам да кажам, да повторам дека Македонија дава премногу за Европа, нашиот народ и земја секогаш се прозападни, вистинско време е Европа сега и веднаш да му врати на овој народ безусловување, европска иднина, Европа е таа што го има во своите раце иднината на овој народ и иднината на оваа држава. Независно од политичката импотентност на Заев и неспособноста вистински да се препознае стратешкиот моментум, Европската Унија, без условување треба да отпочне веднаш преговори со Македонија, веднаш и тоа да се случи час поскоро. Тоа е единствениот начин да се има цел, а тоа е да се движи земјата напред, рече Мицкоски.

Коронавирус