понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

Мицкоски: Македонија ќе победи, но за тоа е потребно оваа влада да замине, на 2-ри јуни масовно да одбележиме една година јад и чемер

Мицкоски: Македонија ќе победи, но за тоа е потребно оваа влада да замине, на 2-ри јуни масовно да одбележиме една година јад и чемер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на селото Љубанци, тој порача дека Македонија ќе победи, но за да дојде до таа победа оваа власт мора да си замине, вели тој.

Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски ви го пренесуваме целосно:

Денес бев во Љубанци, место познато по својот непокор, љубов и почит кон традициите на нашата земја. Место со исклучителна енергија каде имаше настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сите до еден ја делеа загриженоста за тоа каде одиме како земја. Повозрасните разочарани, а младите не ја криеја безперспективноста која е нивното болно секојдневие.

Им реков дека секоја генерација студенти која што поминала во клупите во факултетот кај мене оставила посебен белег во моет>о сеќавање. Но, она што мене ме прави секогаш тажен, е никогаш потоа таа генерација не можам да ја видам комплетна.

Најголемиот дел од тие мои студенти за жал ја напуштија оваа држава. Она за тоа што ние ги учевме, она за што ние ги обучувавме не можеме како Македонија да го користиме за жал. Ја напуштија Македонија и сега своето парче леб, својата кариера, својата професионална наобразба за жал ја градат во некоја туѓа земја. Јас сум бил таму и сум се вратил и само тука можеме да се чувствуваме свои на своето.

Затоа мораме на луѓето да им дадеме надеж и извесна и сигурна иднина. Нашето настојување е борба за богата, економска просперитетна и горда Македонија. Македонија ќе победи, не заборавајте. Но, за тоа потребно е оваа влада да си замине. 2 јуни, во 20 часот да се собереме што е можно повеќе пред платото на Владата на Република Македонија и симболички да одбележиме една година од чемер и јад кој што надвиснал над нашата татковина со еден голем и најмасовен протест во Република Македонија.

Коронавирус