петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 109
home Вести

Мицкоски: Македонија и македонската нација нема да им дадат кредибилитет и легитимитет на луѓе како Заев, Шекеринска, Димитров

Мицкоски: Македонија и македонската нација нема да им дадат кредибилитет и легитимитет на луѓе како Заев, Шекеринска, Димитров

Во интервјуто за ТВ Сител, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги искажа уште еднаш ставовите на партијата за околу референдумот и договорот склучен во Преспа.

На прашањето дали Христијан Мицкоски ќе гласа во недела? Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека веќе многупати тоа го има коментирано и во минатото.

Не е важно во суштина како ќе се одвива денот за Христијан Мицкоски, важно е да заврши демократски, да биде почитуван принципот на демократијата, граѓаните да можат согласно својот разум, согласно своето срце да одлучат дента да 30-ти септември како ќе постапат, нагласи Мицкоски.

-Oна што е важно во овој случај иако јас реално сум ја донесол одлуката како ќе постапам на 30-ти септември, важно е да ја искористам оваа прилика денеска во вашата емисија да кажам дека сите овие политичари како Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Димитров, Ѓоргиевски, Црвенковски и останатите се луѓе кои што го изгубиле кредибилитетот во неколку наврати во минатото пред граѓаните на Република Македонија, пред македонската нација- потенцираше Мицкоски.

И мислам дека т.е сигурен сум да бидам попрецизен дека овој пат граѓаните на Република Македонија и македонската нација нема да им дадат кредибилитет и легитимитет на овие политичари. И ќе ги пратат на темната страна на историјата односно онаму каде што припаѓаат заборавени во транзицијата, додаде Мицкоски.

Коронавирус