четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 44
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски по посетата на семејство погодено од несреќата во Тетово

home Вести

Мицкоски: Македонија е најзагадената земја во Европа, загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори

Мицкоски: Македонија е најзагадената земја во Европа, загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи во новата објава вели дека Владата не се бори против загадувањето и ги излажала граѓаните дека има план.

“Нема слобода и живот без чист воздух” велеше Заев. Денес, година ипол од неговото владеење ја нема слободата, но чистиот воздух уште помалку. Македонија е најзагадената земја во Европа, а Скопје во неславна конкуренција за најзагаден град во Светот. Црнилата на СДСМ постојат во политиката, економијата, образованието, земјоделието, но ги има и во здравството. Загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори. Немаат суштински мерки, ја успорија гасификацијата која претходно беше започната, излажаа дека имаат план. Излажаа дека ќе донесат чист воздух. Лажат и си поигруваат со здравјето и животите на граѓаните.  Овие црнила мора да престанат.  Ова црно време мора да се победи, а со тоа да се победат сите лаги и измами на оваа власт, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Коронавирус