среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 10
home Вести

Мицкоски: Македонија е лидер во регионот по одлив на мозоци, односно одлив на квалификуван кадар од нашата држава

Мицкоски: Македонија е лидер во регионот по одлив на мозоци, односно одлив на квалификуван кадар од нашата држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Радовиш од каде објави и Фејсбук статус.

-Денешната изјава би ја започнал со една за жал неславна констатација која што е поврзана со една поранешна изјава која што Зоран Заев ја даде поврзана со терминот brain drain или одлив на мозоци, кој што за жал тогаш ја употреби во една поинаква смисла дека ги проклатил главите како што тој кажуваше.

Но, за жал денешната слика е поразителна и гледаме дека Македонија е лидер практично во регионот по одлив на мозоци, односно одлив на квалификуван кадар од нашата држава. И тоа е еден навистина катастрофален податок во низата катастрофални податоци кои што во последно време ми пристигнуваат од реномирани светски институции.

Денеска сум овде во Радовиш да поразговарам токму на оваа тема бидејќи и Радовиш како општина и стопанствениците се погодени од иселувањето, од одливот на квалификувана работна сила и практично неможноста таа квалификувана сила бргу да биде заменета со нова квалификувана сила. Така што навистина поразителна е ситуацијата и во државата, но и овде во општина Радовиш.

Разговаравме овде и во компанијата “Алфа инженеринг”, една од поуспешните компании на ниво на општина Радовиш, разговаравме со сопственикот околу реалната економска состојба, околу можностите кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ може да му помогне на стопанството, побаравме негови идеи и размисли, негови проекти кои што цениме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би можела да ги имплементира.

Продолжуваме во текот на денот да се состануваме и со други стопанственици овде во општина Радовиш, со превозниците исто така ќе имаме средба, со сограѓани, со активистите на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Општинскиот комитет, а утре продолжуваме во друга општина овдека во југоисточниот регион, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус