понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Мицкоски: Македонија била и ќе биде земја во која почитта и меѓусебното разбирање биле мостови кои ги поврзувале луѓето

Мицкоски: Македонија била и ќе биде земја во која почитта и меѓусебното разбирање биле мостови кои ги поврзувале луѓето

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница напиша статус во кој им го честита верскиот празник Курбан Бајрам на сите припадници од муслиманска вероисповед.

„Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам.

Искрено од срце Ви посакувам многу здравје, среќа и успеси и нека празничните мигови Ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските.

Овој празник е еден од најголемите празници во исламот кој секогаш потсетува на хуманоста и солидарноста како темелни човечки вредности. Меѓучовечката љубов и разбирање се основата на сеопштата благосостојба на едно општество.

Македонија била и ќе биде земја во која духот на традицијата, но и почитта и меѓусебното разбирање биле мостови кои ги поврзувале луѓето од различни вери и етникуми. Во духот на празничната порака за заедничка поддршка и борба за подобра сегашност и подобра иднина Ве повикувам сите заедно да се сплотиме и да ја градиме Македонија како земја на европски вредности и принципи. Само така ќе овозможиме нашите деца, како и нашите предци да живеат под истото македонско небо во хармонија и напредок.“

Коронавирус