сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 125
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Мицкоски: Луѓето со право не веруваат на политичарите, затоа што премногу пати ги изневериле, јас верувам дека ќе покажеме дека може поинаку

Мицкоски: Луѓето со право не веруваат на политичарите, затоа што премногу пати ги изневериле, јас верувам дека ќе покажеме дека може поинаку

Чувството кај граѓаните е дека политичарите не успеваат да го испорачаат тоа што го ветувале и тука ние сега не треба да бидеме премногу аналитични за да тоа го констатираме. Луѓето слушаат, вас никој со сила не ве тера да вие ветувате, но истовремено затоа велам народот ќе ги даде поддршка, ќе ја поддржи вашата опција ако се види вашата понуда атрактивна. Но, потоа жестоко казнува кога ќе види дека безусловната довербата е изневерена. И ако ние во изминативе триесет години го имаме во најголема мера разачорано граѓанинот тогаш логично е да тој така се чувствува. Не сакам сега да звучам дека се што било порано не било добро, дека сега доаѓа ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш мед и млеко ќе почне да тече по улиците и се ќе биде супер, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија 21.

-Не сакам така да звучам, но сакам да бидам поедноставен во објанувањето кога велиме дека кај граѓаните е развиено чувство дека се изневерени од страна на политичарите, а од друга страна ние знаеме голем број на политичари кои што пред да влезат во политиката и кога излегле во политиката нивниот социјален статус драматочно се променил кон подобро и тоа го гледаат соседите, пријателите и тоа се прераскажаува. И кога ќе се содаде ваква перцепција доаѓаме до ваков случај дека граѓаните не скааат да веруваат во политичарите ,

Мицкоски потенцираше дека политичарите треба жестоко и макотрпно да работата за да тоа што им го ветат на граѓаните им се испорача.

Ние треба жестоко да работиме, макотрпно да работиме за да тоа што ќе го ветиме го испорачаме и да ги убедиме граѓаните дека имало и поинакви, дека не се сите исти, дека можело поинаку да успее земјата и тоа е мојот мотив да успеам, додаде тој.

Парламентарни избори 2020